|
педикир
Негуваните стапала претставуваат
одраз на грижата за целото тело, а не само за деловите на телото кои
сметате дека се примарни за нега. Факт е дека во пролетните и
летните месеци Вашите стапала се континуирано изложени на туѓите
погледи, но вистински негуваните стапала таа грижа ја имаат во текот
на целата година. Затоа, редовното одење на педикир е императив за
секоја жена или маж.
Нежната кожа на стапалата и убаво
оформените и негувани нокти делуваат привлечно, затоа не е ни чудно
што се фетиш за многу мажи.
Зошто е тоа така? Стапалата, барем
така покажуваат анкетите, се најгрубиот дел од телото, со чиј изглед
не се задоволни скоро 90% од жените.
Затоа, пред да скокнете
во Вашите нови тренди сандали, обратете внимание на следното: во
отворените обувки, Вашите нозе мораат да изгледаат апсолутно
беспрекорно. Покрај основната домашна нега, себе и на своите стапала
потребно е да им пружите и дополнителна, релаксирачка и пријатна
стручна нега. Педикирот направен во спа центар е хедонистичко
доживување за Вашето тело и благотворно делува на Вашите стапала.
За време на ова
раскошно искуство кое вклучува ревитализирачка маска, исцелувачи
лосион за стапала, богати навлажнувачи и се разбира, таа толку
пријатна масажа на стапалата која применува рефлексотерапија.
Есенциите од чајно дрво, мед, бадеми, лимон, зачини и
шеќерна трска ја обновуваат и ја надополнуваат вашата сува кожа на
стапалата. Ова ултра-освежувачко задоволство ги ексфолира и длабоко
ги хидрира вашите стапала со пилинг од мандарина, мед и шеќер и ги
масира со лосион од мандарина и чајно дрво. А потоа опуштете се
додека хидратизирачката и негувачка маска си ја заврши својата
работа.
Оваа спа услуга е токму она по што
копнее вашата кожа!
И на ноктите им е потребна посебна
нега, особено ако се наравни. Важно е ноктите да не бидат ни
предлоги ни прекратки, но секако да бидат лакирани во некоја тренди
боја. Светлите нијанси на лакови ги издолжуваат Вашите стапала, а
темните ги скратуваат. Редовното одење на педикир, се препорачува
еднаш месечно, на тој начин
ја елиминирате секоја можност кожата на
Вашите стапала да стане сува и рапава и непривлечна.
Негувањето на Вашите стапала кои
напорно работат и секојдневно се изложени на надворешни влијанија е
една од најважните козметички дисциплини. Педикирот е спа третман
без кој никој не би требало да остане. Освен што едноставно ви ги
разубавуваат ноктите и стапалата, нашите козметичари со
фантастичната линија за нега и со смирувачки и нежен допир ќе ја
постигнат очекуваната цел. Нашето целосно мени на салонски услуги за
педикир вклучува повеќе понуди. Затоа, ставете го педикирот на
Вашата приоритетна листа и за да го одржите тој прекрасен изглед,
изберете од нашата фантастична линија на производи за грижа за
стапалата и ноктите и во домашни услови, за негата да биде
континуирана. |