|
thalgo
Негата на кожата на телото е подеднакво важна, како и негата на
кожата на лицето.
АУРА ви ги претставува најновите третмани за нега на тело со
познатата француска козметика
Тhalgo.
Третмани на тело со глина, третмани за затегнување на кожата,
третмани за борба против целулитот, третмани за нозе, третмани за
затегнување на градите. Нашите третмани на тело се комбинација на
релаксирачко чувство и третирање на телото со соодветни препарати
кои делуваат на широка палета потреби кои ги има кожата.
Секое пакување на тело вклучува внимателно избалансирани препарати
богати со витамини и есенцијални масла. Кожата на тело се подготвува
со специјален пилинг, по што следува нанесувањето на соодветни
препарати кои делуваат хидрирачки и ја измазнуваат структурата на
кожата до совршенство, приближно како бебшката кожа. Препаратите
делуваат длабински, се нанесуваат со симултана масажа на два
терапевти, така што релаксирачкото чувство трае. Пакувањата на
телото во зависност од типот на третманот имаат и термо ефект. Ова е
единствена програма, креирана по стандардите на современ
wellness
концепт кој се базира на користење на исклучително природни
препарати, глинена терапија, масажа и посебни пакувања на телото. |