|
МАСАЖА
Препуштете се на вештите раце на физиотерапевтот
Релаксирајте се во автентичен амбиент. Дозволете
им на мускулите, на кожата, на телото и на духот да изберат масажа
според нивната потреба. Релаксирачка, терапевтска, спортска... а за
оние со истенчен вкус рефлексирачка масажа на стапалата и масажа со
топли вулкански камења.
Она што на секое лице и тело му
носи убавина, но и мир и чувство на исполнетост, е масажата...
вештина, уметност, допир кој лечи. Бидејќи, додека е лесно да се
објасни физиотерапевтското дејство на масажата на мускулите,
нејзиното несомнено релаксирачко дејство и акумулација на енергија
се објаснува со човечкиот допир кој ни ја пренесува енергијата,
топлината и емотивноста. Масажата е нераздвојна со ароматерапијата,
бидејќи ароматичните масла и есенцијалните масла на растенијата
ефикасно се применуваат токму со неа.
Мирисите делуваат на емоциите и ги будат состојбите
на смиреност, радост или сонувања, додека честичките на есенцијалните масла на кои се заснова ароматерапијата,
делуваат физички со посредство на кожата продираат во ткивото
ширејќи го својот ефект. И масажата и изборот на ароматични масла се
прилагодуваат на клиентот, неговата моментална состојба, физичка и
ментална, како и на неговите моментални потреби. Во таа смисла се
користат различни техники на масажа на тело кои тежнеат кон
воспоставувањето на рамнотежа на организмот, не само во физичка,
туку и во емоционална и ментална смисла.
Овој таканаречен холистички,
обединет пристап кон телото и духот, застапен е се повеќе во
медицината и козметологијата, а во АУРА како spa & wellness центар е
неизоставен дел.
Изберете една од долгата листа
масажи во АУРА или консултирајте се со нашиот физиотерапевт кој е
најсоодветен третман кој му е потребен на Вашето тело и дух токму во
тој момент. Долга е листа со масажи: релаксирачка, спортска,
терапевтска, масажа со топли камења, античка масажа, чоколадна
масажа, рефлексирачка масажа или специјална масажа за трудници...
или најновите масажи со бамбусово дрво, вакапоу дрво или сферични
кристали.
|