|
Aqua &
bali
detox систем
Грижата за здравјето и убавината нека ви премине во навика
Урбаниот начин на живот,
физичката активност, брзата храна, консумирањетo на
големи колични
на кофеин, никотин, алкохол, лекови... доведува до акумулација на
отрови во нашиот организам, што како последица создава одредени
болести и дава лоша слика за нашата психофизичка состојба. АУРА е
местото каде што ќе се релаксирате, но и ќе го исчистите организмот
ако тоа го посакате во стилот на холивудските ѕвезди. Со помош на
галванската струја и водата како медиум, за помалку од еден час,
колку што трае сеансата, ќе ги исфрлите од организмот штетните
материи и тоа преку 2.000 пори на своите стапала.
Детоксификацијата е првиот
начин за превенција од болестите, најдобар чувар на здравјето,
бидеќи тоскините доведуваат до дехидратација и стареење на
кожата, косата, внатрешните органи... Ова е стара метода која се
применува на островот Бали. Само после неколку третмани се
чувствувате како преродени. АУРА го донесе во Битола овој стар начин
на чистење на организмот и на тој начин го поврзува здравјето и
задоволството. Водата уште во минатото била одлично средство за
чистење на телото. Познати се терапиите со термални води,
колонотерапијата... а самиот факт што во нашиот организам има 80%
вода доволно зборува за себе. Водената детоксификација е еден од
начините да се воспостави енергетскиот баланс и да се исфрлат сите
отрови.
Оние што го испробале
почувствувале подобрување на здравјето, намалување на стресот,
подобра работа на дигестивниот тракт, мирен сон... па дури и
подобрувањето на состојбата кај случаите на псоријаза. Велат дека
здравјето и задоволството немаат цена, па, ако тоа се Вашите
приоритети, тогаш најдете време за себе си да си овозможите
вистинска детоксификација на организмот. |